речник контакт

Градоначалниците на Градско, Лозово и Чашка добија уверенија, избрани претседателите на Советот во Лозово и Чашка

Во Чашка коалиција на СДСМ со Беса, во Лозово ВМРО-ДПМНЕ без еден советник кој премина во ДОМ

Петар Печков

Градоначалниците на Општините – Лозово, Градско и Чашка ги добија уверенијата и седнаа на нивните нови работни  места, за наредните четири години.  Роберт Бешовски во Градско, Аце Василковси во Лозово и Горан Стојановски во Чашка, сите од СДСМ  ќе ги раководат соседните општини. 

Нов претседател на Советот на Општина Чашка, е Фемих Бејлуов од Горно Јаболчишта, кој работи како  наставник. Тој е дел од коалицијата на партиите  на  Албанците ,,Беса,, и Алијансата за Албанците,, која освои две советнички места.  Неа ја поддржале 4 советника  од СДСМ,  2 од ВМРО-ДПМНЕ, 2 од коалицијата Беса и    Алијансата, додека еден советник од ВМРО-ДПМНЕ при гласањето бил воздржан а двата советника од ДУИ  гласале против. Ваквиот развој  на настанети ги разлути гласачите на  ДУИ, вели претседателот на Општинскиот Комитет за Чашка и досегашен претседавач во два мандати Рамадан Амзов.  

Ова е непринципиелна коалиција. Иако ние како партија го  поддржавме кандидатот за градоначалник на СДСМ, наспроти договорот помеѓу Оливер Спасовски и Изет Меџети, за претседавач на Советот е избран кандидат на партијата Беса – вели Амзов.    

 Во Општина Лозово пак за претседател  на Советот е  избран  Душан  Георгиевски од СДСМ, иако мнозинството на советници  четири го доби ВМРО-ДПМНЕ.  Георгиевски беше поддржан од  3 советници на СДСМ и по еден на Народното движење за Македонија и   Движењето за национално единство на Турците.  Деновиве мнозинството советници има уште еден повеќе, откако   студентот Влатко Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ премина во партијата на ,,зелените,, ДОМ.

 Во општина Градско Советот сеуште не е  конституиран. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »