речник контакт

Градот да биде добар за нашите деца, усвоен планот за сообраќајни решенија во Велес

53% од жителите на Велес користат автомобил, 29% пешачат, 7 отсто користат јавен превоз и само еден отсто велосипед

Петар Печков

На 40-та седница советниците го усвоија Планот за одржлива урбана мобилност, кој нуди применливи решенија за сообраќајот и сообраќајната инфраструктура во Велес.

Тој беше донесен со четиринаесет гласа „за” и шест „воздржани”.   Со усвојувањето и примената на мерките од овој документ Општина Велес е прва општина во Македонија со подготвен план изработен според стандардите на ЕУ. Планот е насловен ,,Градот да биде добар за нашите деца,,. 

 Донесовме мирно револуционерни мерки  за  подобра сообраќајна иднина во градот. Со планот, кој е работен по примерот на градот Љубљана во Словенија, предимство имаат пешаците, потоа велосипедистите, па јавен превоз на еколошки горива и на крај се автомобилите - порача градоначалникот Аце Коцевски.  

Претставникот на словенечката компанија АПИА која го изработи овој значаен документ, вреден три милиони денари,  Јован Христоски, ги презентираше клучните препораки и мерки од Планот. Тој опфаќа  зонско паркирање, затворање на центарот на градот за сообраќај, развојот на јавниот превоз, изградба на мост на реката Вардар кај Речани, развојот на велосипедизмот и велосипедската инфраструктура, инфраструктура за лицата со ограничена мобилност, воведување на еднонасочен сообраќај на најкритичните места во високите делови на градот кон црквите Св. Спас и Св. Пантелејмон  се дел предвидените решенија  со овој документ.

Планот е ,,тивка револуција,, за  да се сменат навиките на граѓаните.  Според извршената анкета на 4,5 илјади лица во градот Велес  53% од жителите користат автомобил, 29% пешачат, 7 отсто користат јавен превоз и само еден отсто велосипед. Поставеноста на градот, стрмните улици по високите зони по  ридовите, се сериозен проблем - кажа Христоски.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »