речник контакт

Градот татни од експлозии, никој не знае кој тоа минира

Кој и што претпладнево минираше во градот?

Петар Печков

Околу 10 часот во Велес беа регистрирани десетина детонации од минирање. Ова ги вознемири велешани, кои прашуваат кој и што работеше претпладнево.

Од надлежните нема информација, бидејќи кај нив  никој не пријавил дека ќе се работи таква активност, иако  за тоа се со Закон обврзани.

Ни во СВР Велес, ниту во Центарот за известување не знаеја да кажат што се случуваше. Граѓаните така останаа без одговор, но и дилемата како тоа да се врши минирање, а да не се пријави.

Звукот и детонациите доаѓаа од правец на Железничката станица, од Топилница, од кај депонијата со згура.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »