речник контакт

Градскиот Базен се изнајмува

Локалана власт ќе бара нов закупец за овој објект, откако досегашниот не ја плаќал киријата

Петар Печков

Откако досегашниот корисник, Атанас Манев не ги подмирувал редовно ратите за киријата, општина Велес  го раскина договорот со него.

Поради неисполнување на обврските по договорот за 2011 година и неуплатена закупнина во полн износ за тековната 2011 година, закуподавецот беше принуден да го раскине договорот. На ден 13.09.2011 се изврши примопредавање на објектот, во присуство членови од закуподавачот и
закупецот - велат од општина Велес.

Со закупецот  Манев беше склучен договор за закуп за период од 5 години, започнувајќи од 2008-та година. Со цел да се постигне функционалност на објектот за сезоната лето
2012 година, општината предлага што побргу  да се започне со нова постапка за издавање на објектот под закуп. Се предлага почентата цена да бдие 500 илјади денари, но дали тоа ќе се прифати зависи од советниците, кои за ова ќе расправаат на седницата закажана за в среда.

И претходниот закупец, по самод ве години се повлече од Градскито базен, проади енроедовно плаќање на киријата. Очигелчдно локлатнаите власти енмаат ср3еќа со закупците.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »