речник контакт

Градскиот базен ЛИДО започнува со работа петок 16 јуни

Цената на дневниот билет е 100 денари

Петар Печков

Градскиот базен, именуван ЛИДО,  годинава 2023, започнува со работа на 16 јуни. Почетокот е од 11 часот а работното време е до 19 ч. доколку им ноќно капење тоа дополнително закупецот ќе го објави, кој ден и во кој термин.

Дневниот билет е 100 денари, додека сезонски билет, за три месеци, додека трае  сезона за капење е 1.500 денари. Освен капењето гостите ќе имаат можност да користат и освежување и храна.

Петок вечер на свеченото отворање гостите ќе ги забавува групата „Амадеус бенд“. Закупец на Градскиот базен е физичко лице, Стојанче Илиевски, кој на јавен повик го доби на работа 10 години.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »