речник контакт

Градскиот базен изнајмен за 61 илјада денари месечно

Закупувачот ќе може да го користи базенот ако ги плати средствата во рок од три дена

Петар Печков

На денешното јавно електронско наддавање, еден учесник го доби на користење Градскиот базен, за период до три години.

Месечната  сума за кирија постигната на  наддавањето е 61 илјада денари и на него учествувал само еден заинтересиран, кој за да го добие објектот на користење ќе треба да ги уплати средствата до петок.

Бидејќи на јавното наддавање учествувал само еден заинтересиран, почетната сума од 74 илјади денари се намалувала, што било во согласност со правилата на наддавањето. 

Бидејќи до тогаш  закупувачот не е уште официјален, не се соопштува и неговиот идентитет.  На јавниот повик можеа да конкурираат домашни и странски правни и физички лица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »