речник контакт

Градскиот базен може да започне со работа после 10 јули

На објектот има повеќе сериозни зафати со кои треба да се отстранат сите констатирани недостатоци

Петар Печков

 Стартот на  пливачката сезона на Градскиот базен може да биде за  најмалку за десетина дена. На објектот има  повеќе сериозни зафати кои се во тек,  со кои треба да се обезбеди  безбедноста на капачите.

Ова го најавува закупувачот Игор Петковски во името на фирмата ПН-МП, која на  електронско наддавање го доби за илјада евра месечно, во период од три години.    Изминатите недела дена се работело на повеќе зафати на објектот. 

Има многу работа за да можеме така брзо го дадеме на користење. Согласно потпишаниот договор со локалната власт, треба да се отстранат сите недостатоци за да ја добиеме дозволата за користење.  Доколку се оди како што треба најрано би можеле да го пуштиме за капење на 10-ти јули  - рече Петковски. 

Досега е уреден базенот, променети се металните плочи кои биле дупнати, поставени нови  и тој е фарбан. Се работи на испусниот канал за водата, кој треба да ја носи до реката Вардар, зафат кој бара да се осигура безбедноста на градежниците, оти постела можност земјата да се сруши.

Се набавува хлоринатор, оти досегашниот не е во функција. Се чисти просторот од стари предмети, се расчистува зеленилото. Со помош на велешките пожарникари испумпана е водата од базенот, оти нема инсталација таа да исече во Вардар. Поставени се нови броила за вода и струја, поради долгот на претходниот корисник кон ЈКП Дервен и ЕВН. 

Имаме сериозна задача да ги обезбедиме бетонските плочи околу базенот, да ги смениме сите, да ги зајакнеме држачите. Ги менуваме и вентилите во подрумските простории, кои се `рѓосани, дотраен  и неупотребливи - додава Петковски. 

За дневната цена уште се во дилема колку да биде, сезонска нема да има поради краткиот период за капење. Од шанковите ќе биде во функција еден, каде ќе се нуди само пијалак и освежување, не и храна. Базенот нема да работи во ноќните часови. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »