речник контакт

Градскиот базен прескап

Никој не се јави на објавата за изнајмување на Градскиот базен

Петар Печков

Ниту еден заинтересиран не се пријави по објaвата за изнајмување на Градскиoт базен. До 12 чaсoт до кoга беше рокот до комисијaта нe стигна ниту една понуда, по што таа не работеше. Спoред одлукaта нa Советот на општина Велeс Градскиот базен се изнајмуваше на десет години со почетна цена до 500 илјади денари, или потенцијалниот закупец требаше минимум да одвои 5 милиони денари. Тоа во пракса се покажа како превисока  па  немаше заинтересирани.

Каква ќе биде иднината на овој објект, каде велешани во лето се освежува е неизвесно. За да се стави на дневен ред на Советот точка со пониска цена, па да се распише нова објава, ќе мине многу време и може да се случи тој да не биде подготвен за јуни месец за работа. Од локалната власт стигнуваа најави, како резервна варијатна, дека ако дојде до ваква ситуација, базенот ќе му се додели на користење на ЈП Парк Спорт.

Каква одлука ќе се донесе ќе треба што поскоро да се знае, бидејќи работите околу подготовките за старт на базенот траат по два месеци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »