речник контакт

Градскиот базен ќе се издава под закуп на 10 години

Почетната цена е 86 илјади денари месечно,за јули,август и септември

Петар Печков

Советот на последната 30 седница донесе одлука Градскиот базен да се дава под закуп. Ќе се издава по пат на електронско јавно наддавање. Почетната цена е 86 илјади денари месечно за месеците јули август и септември. Тоа е 0,5 отсто од процената вредност на објектот. Во останатите месеци идниот закупец ќе плача по 3 илјади денари месечно.  

„Само за полнење и промена на вода во базенот фактурата од ЈКП Дерен кон Општината е во вредност од 2 милиони денари. Изминатиот период дојдоа 4-5 заинтересирани лица за објектот, тие реагираа на годините на изнајмување. За нив се малку и три и пет години,за да може да влезат со сериозни инвестиции. И затоа базенот ќе го издаваме на десет години“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

Минатата година базенот работеше со поддршка на ЈКП Дервен и ЈП Парк спорт и паркинзи.

“Јавноста треба да знае дека коритото на базенот е сериозно оштетено. Затоа лани често се случуваше да се дополнува со вода. И затоа водата во базенот беше ладна.  Хлорирањето е тешко, апаратот е расипан, па се вршеше со позајмен апарат. Состојбата со базенот е лоша. Со години нанзад, не се вршело контрола“ - кажа советникот Марјанчо Николов. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »