речник контакт

Градско со нов градоначалник, во Лозово и Чашка ќе има втор круг гласање

Каков е составот на локалните Совети во овие три општини

Петар Печков

Државната изборна комисија на нивната веб страница ги објави податоците за неделните локални избори, по сите пребројани 84 избирачки места. Ова се официјални но не и конечни  резултати, оти учесниците во изборите имаат право на жалба.  Во Општина Градско е избран градоначалник по првиот круг додека во Лозово и Чашка ќе има втор круг.

На изборите во Општина Градско за градоначалник  гласале  66,95 % или во бројки 2.084, од запишани 3.113 гласачи.  Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња е 83.

За Општина Градско  победи Киро Нацков, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со 55,66 % добиени гласови од излезените  или 1.160, пред Роберт Бешовски од СДСМ со 40,36 % или 841 глас.

Идниот Совет на Општина Градско кој брои девет членови, според неофицијалните распределби на местата е во следен состав: ВМРО-ДПМНЕ со пет места, СДСМ со четири.

На изборите за Совет на 9 избирачки места  гласале  66,95 % од запишани 3.113  гласачи, или во бројки 2.084.  Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња е 101.
Бројот на освоени гласови е следен:
ВМРО-ДПМНЕ  1.086 -52,11%
СДСМ   811 -38,92%
Единствена Македонија  86 - 4,13%

                                  ************
На изборите во Општина Лозово  за градоначалник  гласале  78,23 % или во бројки 1.552, од запишани 1.984 гласачи.  Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња е 74.

За Општина Лозово нема победник, бидејќи ниту еден од кандидатите не го мина потребниот цензус за победа во прв круг, да освои мнозинство од излезените гласачи.

Во вториот круг одат Ацо Велковски кандидат  на СДСМ за него гласале 695 - 44,78.% и Бошко Цветковски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 428 гласа -27,58 %.
Останатите кандидати ги освоија следниот број гласови:
независниот кандидат  Јордан Павлов 268 -17,27%
Јовица Анакиевски од ТМРО 50 -3,22%
Велин Николов  од ПОДЕМ 37  -2,38%

На изборите во Општина Лозово  за листата за Совет на општината  гласале  78,23 % или во бројки 1.552, од запишани 1.984 гласачи.  Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња е 126.
Бројот на освоени гласови е следен:
СДСМ 429  -27,64%
ВМРО-ДПМНЕ  347  -22,36%
ЛДП/ДОМ  143- 9,21%
ТМРО 140 -9,02%
Група Избирачи -ВЛАДЕ МИЛАНОВ 133  -8,57%
Демократска Партија на Турците во Македонија  106  -6,83%
Единствена Македонија 83 -5,35%
ПОДЕМ 45 -2,90%

Идниот Совет на Општина Лозово кој брои девет членови, според неофицијалните информации распределби на местата е во следен состав: ВМРО-ДПМНЕ  и СДСМ со по три места и по еден советник за  ЛДП/ДОМ, ТМРО и независната листа предвоена од Владе Миланов
                         ****************
На изборите во Општина Чашка  за градоначалник  гласале  69,37 % или во бројки 4.281, од запишани 6.171 гласачи.  Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња е 76.
За Општина Чашка нема победник, бидејќи ниту еден од кандидатите за градоначалник не го мина потребниот цензус за победа во прв круг, да освои мнозинство од излезените гласачи.

Во вториот круг одат Горан Стојановски кандидат  на СДСМ за него гласале 1.688 -39,43%
и Суат Шаќиров од  ДУИ со освоени 1.436 гласа  -33,54%

Третиот  кандидат  ЗОРАН ЗДРАВЕВСКИ од ВМРО-ДПМНЕ освои 1.088 гласови  или 25,41%.

На изборите во Општина Чашка  за листата за Совет на општината  гласале  69,37 % или во бројки 4.281, од запишани 6.171 гласачи.  Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња е 76.

Бројот на освоени гласови е следен:
ДУИ/АА/А 1.339 -31,28%
СДСМ 1.250 -29,20%
ВМРО-ДПМНЕ 1.115 -26,05%
Независниот кандидат МУАМЕД АХМЕДОВ 300 -7,01%
ВМРО-НП 109 -2,55%

Идниот Совет на Општина Чашка кој брои единаесет  членови, според неофицијалните распределби на местата е во следен состав: заедничката листа на албанските партии ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива  и листата на СДСМ имаат освоено  по четири  места додека листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ има освоено три советнички места. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »