речник контакт

Градското дерби во одбојка за Форшпед

Фудбалерите на Борец уверливи во Богданци, ракометарите декласирани од последниот на табелата во Ресен

Петар Печков

Во првата одбојкарска лига жени во Велес се одигра градското дерби, каде победи екипата на Форпшед против Борец Брако. Така фатија приклучок за врвот и по чест кола се четврти со четири победи и два порази. Борец Брако е  шести со една победа и четири порази. Борец Брако - Форшпед 1:3 (13:25, 25:16, 24:26, 17:25).

Во машката лига Борец Брако победи на домашен терен против екипата на Мавис која е последна на табелата без победа. По шест кола Борец Брако е седми со  две победи и три порази во конкуренција нa девет екипи.  Борец Брако - Мавис 3:1 (22:25, 25:18, 25:20, 25:23).

Во претпоследното коло од Третата лига Југ Фудбалерите на Борец ја продолжија победничката серија  и во Богданци го совладаа Вардарски со 7:1. Со ова остануваат на врвот без пораз а во недела во последното коло играат градско дерби со Бабуна од Мартолци.

Во дербито на дното ви Супер лигата во ракомет, Борец е поразен во Ресен од екипата на Преспа со високи 43:20. Велешани единствената победа во ова друштво есенва ја забележаа токму портив ресенчани во Велес, тешко со два гола предност.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »