речник контакт

Гран при за учениците од ОУ Блаже Конески на Детскиот драмски фестивал (фото)

Награда во Кочани и за најдобро машко остварување за Матеј Гелев

Петар Печков

Во Кочани заврши седмиот  Детски драмски фестивал на кој учествуваа девет  училишта од земјава со нивни подготвени претстави.  Голем успех забележаа учениците и нивните ментори од ОУ Блаже Конески од Велес, кои добија две признанија.  

За најуспешна претстава на годинешниот Детски драмски фестивал беше прогласена претставата „Светот е полн со убавини“ во изведба на Драмската секција при ОУ „Блаже Конески “ од Велес  а во режија на Стефани Андреевска и Костадинка Атанасова.  Наградата за најдобро машко остварување  ја доби Матеј Ѓелев за улогата Детето во истата претстава.

Наградата за најдобро женско остварување се додели на  на Благица Стоименова во претставата „Лошата снаа“ во режија на Душко Ѓорѓиоски а во изведба на Драмската секција при ОУ „Гоце Делчев“ од Виница. Награда за режија пак доби  професорката  Тодорка Стоименова за претставата „Жената што го пукнала ѓаволот“ во изведба на Драмската секција при ОУ „Страшо Пинџур“ од с. Соколарци.

Жири комисија на седмиот Детскиот драмски фестивал која ги додели анградите беше  во состав Силвана Јаневска –претседател, Вита Ковачева –член, Димче Спасов –член.

Претставата на ОУ Блаже Конески ,,Светот е полн со убавини“, е според  сценарио и режијата  на  Стефани Андреевска и Костадинка Атанасова, а кореографија е на Цветанка Пајдакова. Улогите ги играа : Матеј Гелев –Детето, Евгенија Ѓорѓиева –фантазијата, Ева Андреевска –Љубопитноста, Мартин Амбарков –Сонот, Дора Пајдакова –Нхма Кхма, Горан Велковски–Мандарин, Благоја Савевски –Буда, Кире Ацевски –Јогурто Гам, Слободан Димовски –пинк Пантер, Ангела Глушкова –Русинка, Викторија Стојанова –Македонка, Паола Кадиева –Шпанка, Тамара Коцевска –Ескимка, Вероника Кузмановска –Шкотланѓанка, Марија Мирчевска –Индијанка, Сара Ѓорѓиева –Мексиканка и Александра Неделковска –Турчинка. Дел од претставата се и членките на  Балетски групи –ученици од ООУ „Блаже Конески“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »