речник контакт

Граѓаните гласаа, партиите се опарија

15,4 илјади евра ќе поделат партиите во Велес, за локалните избори пролетва. Пари ќе добијат и ДУИ и СДУ иако немаат советници, но го минале прагот од 1,5 % освоени гласови.

Петар Печков

Советот на општина Велес 943.365 денари ќе распредели на партиите кои учествуваа на Локалните избори и го минаа потребниот праг на потребни гласови.На последната седница беа распределени средства на четири партии.

ВМРО-ДПМНЕ добива 501.795, СДСМ 416.805 денари. Пари ќе добијат и две други партии, кои иако немаат советници го минале прагот односно освоиле најмалку 1,5% од вкупниот број гласови од излезените граѓани на ниво на општината. Тоа се ДУИ со 17.145 и СДУ со 7.620 денари.

Парите им се исплатуваат на организаторите на изборната кампања во законскиот утврден рок поднеле извештаи за трошоците што се однесуваат на изборната кампања. Оваа одлука е во согласност со член 86 од Изборниот законик, кој вели дека ,,Право на надоместок на трошоци за избори имаат организаторите на изборната кампања од чии листи на кандидати се избрани членови на Совет, односно кандидат за градоначалник и се во висина од 15 денари по добиен глас,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »