речник контакт

Граѓаните лути за собирањето на сметот, комуналците велат вложуваат вонредни напори

Се нормализира ноќното собирање смет во центарот на градот. Во високите зони ќе причекаат за подобрување на условите

Петар Печков

И додека граѓаните реагираат дека во одделни делови на Велес има купишта  ѓубре, надлежните уверуваат се работи максимално да се исчисти сметот. ЈКП Дервен, поточно РЕ Комунална хигиена од почетокот на месецов се врати на стариот режим на собирање на смет. Или  од средата, во одредени  делови на Велес се нормализира неговото прибирање.  

Заради подобрувањето на временските услови и проодноста на улиците, од   1-ви февруари  повторно се воспоставува ноќното собирање на смет од следните улици: Благој Ѓорев, 8 Септември, Димко Најдов, Петре Прличко, Димитар Влахов, Алексо Демниев, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, АСНОМ, Кумановска, Тодор Христов Офицерчето, Христо Татарчев, Никола Карев, Индустриска (Комплекс Узус), Борис Трајковски и Методија Андонов Ченто – информираат од ЈКП Дервен. 

Повторно се воведува собирањето на картонска амбалажа во централното градско подрачје за трговските дуќани од 2-ри февруари, четврток. 

Велешките комуналци додаваат дека од повисоките зони на градот сметот се` уште се собира во дневните часови, се до подобрување на условите за ноќно собирање на смет.

Секторот Комунална хигиена вложува вонредни напори за собирање на сметот од високите зони – стои во писменото соопштение од ЈКП Дервен.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »