речник контакт

Граѓаните не ги интересира за што ќе се задолжи општината

Само деветмина граѓани беа присутни на јавната расправа за „Задолжување На Општината За Реализација На Капитални Проекти“

Петар Печков

      Само деветмина граѓани беа присутни на јавната расправа за „Задолжување На Општината За Реализација На Капитални Проекти“ која ја организираше Општина Велес а во пресерт на одлуката на Советот за што  да се задолжиме. На неа имаше педесетина гости, но поголемиот дел беа вработени во локалната власт, советници, известувачи,  претставгници на НВО секторот,така што наспроти големата врева што ја кренаа политичките партии во градот за ова прашање, граѓаните не  покажуваат таков интерс за што ќе се задолжи општината.

Освен 20-минутното обраќање на градоначалникот Горан Петров, остатокот од скромни 10-тина минути имаше две прашања  од присутните граѓани. Дали градот може финансиски да зе задолжи за да се дислоцира пругата Велес- Гевгелија и дали градот може да се задолжи за да се изгради пречистителна станица и колекторски систем за канализационата мрежа во Велес. Одговорот на Петров по првото беше дека дислоцирање на железчничката пруга во догледно време е ,,невозможна мисија,, поради финансиската тежина на овој проект, додека за второто тоа е потреба која ќе биде неминовна со почнувањето на Македонија на пристапните преговори за членство во ЕУ, но ќе треба прво да се изработи физибилити студија.

По ова  останува предлогот општината да се задолжи за два проекти. Првиот замена на постојните  електирчни светилки со штедливи и за изградба на водовод за водоснабдување на околните населби околу езеро Младост. Оваа одлука на некоја од следните седници ќе ја донесе Советот на општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »