речник контакт

Граѓаните прашуваат, надлежните на сите им одговoриле

Лани граѓаните доставиле 85 прашања за информации од јавен карактер и на сите добиле одговор

Петар Печков

Општина Велес го објави годишниот извештај за слободен пристап до  информации. Не  само за  локалната власт, туку и за сите институции кои се под нејзина надлежност, тоа се  јавните претпријатија,  училиштата и локалните институции.

Така Општина  Велес  лани добила 62 барања, на сите е одговорено со тоа што две се препратени до имателите на информацијата, при што ниту едно не е донесено решенеи за одбивање.  Две лица се жалеле  на добиената информација до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап на информација од јавен карактер. Но и двете жалби не биле прифатени, ниту првостепените одлуки преиначени. Поточно едната жалба била отфрлена а  едната од самиот подносител подоцна повлечена. 

ЈКП Дервен добил четири барања за информации од јавен каратер и на сите одговорил.  Немало назадоволни од одговорот. ЈП Парк Спорт не доставил извештај до локалната власт дали имале барања за пристап за јавни информации за минатата година.

Локалната Библиотка Гоце Делчев не добила вакво барање за пристап до информации од јавен карактер,  на листата  нема податоци за двете останати локални институции Градски Музеј и  Детската градинка ,,Димче Мирчев,,.

Од 11-те училишта во градот, 7 основни и 4 средни, во годишниот извештај  има податоци за шест. ВО ОУ Блаже Конески има поднесено 4 барања, три се одговорени а едно е  одбиено, но подоцна лицето се жалело до Комисијата и таа ја преиначила одлуката.   До ОУ Рајко Жинзифов имало добиено едно барање и на истото е  одговорено.  До ОУ Јордан Хаџи Констатнинов Џинот имало пристигнато две барање и истите биле одговорени. До средното училиште  ,,Димитрија Чупоски,, стигнале шест барања и на нив е одговорено. До средното училиште ,,Коле Неделковски,, имало четири поднесени барања и на сите е одговорено.  До Гимназијата ,,Кочо Рацин,, пристигнале две барања и двете биле одговорени. Во годишнито извештај нема податоци за основните училишта ,,Васил Главинов,,  ,,Св. Кирил и  Методиј,, ,,Благој Кирков,, и ,,Стојан Стојчевски  Бурдан,, и за средното Економско училиште ,,Јовче Тесличков,, дали добиле и  дали одговориле на   барањата за пристап до информации од  јавен карактер. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »