речник контакт

Граѓаните реагираат на облаците чад, локалните власти тврдат работат без селекција при загадувањето на воздухот

Маслодајна не загадува. Лани кога загадувала била издадена забрана за работа на погонот на Крзнарата во новиот дел на Велес

Петар Печков

Чадот кој го испушта велешка Маслодајна нема вредности кои се над дозволените гранични и тој не е опасност по животната средина.  Проблемот е само во визуелниот дел, уверуваат надлежните од локалната власт.  По бројните реакции од граѓаните, посебно во утрински часови, дека од оџакот излегува  густ чад која загадува, се огласија и од Општина Велес.   

Кога ќе се запалат грејните тела, додека не започне со работа,а по одреден период на  не работа, пауза, се појавува густ чад.   Таму состојбата ќе се следи. Има ли загадување ќе се докаже со мониторинг ако има ќе се изрече забрана за работа  - објаснуваат од локалната власт.

Илустрираат со ланскиот случај  со оџакот на Крзнарата Димко Митрев во Индустриска зона ,,Узус,, кога била издаден забана за работа. 

Минатата година издадовме забрана за работа, откако таму се користеа кожи како средство за горење, што е забрането.  Сега може да има некакoв чад, но загадување нема. Се греат  на клима уреди, котларата е вон употреба и енма да се вклучи оти не ги здоволвуа стандардите.   - велат од Општина Велес.    

За МИСА МГ која врши експлоатација на минерални суровини,  дробен камен, тампон и е без дозвола ставена во фунација па била  забранета за употреба. Во функција е само една линија а за што има одредени реакции кај жителите од Башино село.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »