речник контакт

Граѓанска работилница

Викендов во Велес се одржа дводневна работилница „Граѓански приоритети“ организирана од Центарот за поддршка на невладините организации.

Петар Печков

Викендов во Велес се одржа дводневна работилница „Граѓански приоритети“ организирана од Центарот за поддршка на невладините организации.

Со учество на 50-тина учесници, тие дебатираа и за цел имаа креирање на граѓанските приоритети за работа на општината во 2007-та година. Присутните беа претстаници од граѓанскиот сектор, невладините организации и од урбаните и месни заедници.

- Имавме успешна работа, за прв пат вака реализирана активност во Македонија.Приоритетите ќе ги доставиме до надлежните во локалната самоуправа за тие да ги реализираат во наредната година – изјави Димче Велев, организатор на работилницата и координатор во ЦПНВО.

На листата на приоритети кои се во надлежност на локалната власт доминираат комуналните и економски проблеми, додека еколошките со затварањето на Топилницата повеќе ги нема.

Така граѓаните приоритет во решавањето на проблемите даваат на изградба на спортско –рекреативни центри на езерото Младост и реката Бабуна, простор за младински културни активности, прибирање на атмосферската вода, уредување и покривање на пазарот, обезбедување на градски паркинзи, обезбедување на простории за маргинализирани групи-зависници, стари лица, жртви на семејно насилство, излекувани алкохоличари. Истите приоитети ќе бидат доставени до локалната власт и Советот на општината.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »