речник контакт

Граѓанскиот сектор од Велес незадоволен, нема пари за проекти од локалната власт, таа вели проектите да бидат за 21 век а не собири и дружења

Конкурсот за проекти за следната година заврши а уште нема одлуки за ланскиот, иако годинава им а уште еден месец и половина до крај

Петар Печков

Иако се уште не е одлучено за ланскиот повик за финансирање на проекти на невладини организации, Општина Велес го распиша повикот за финансирање проекти за следата година. 

И додека граѓанските здруженија чекаат средства од ланските проекти, од локалната власт објаснуваат дека до крајот на годинава ќе доделат  средства за некои проекти, иако останува кратко време за нивна реализација.  Граѓанските здруженија незадоволни од маргинализирањето.

Дали на Велес му се потребен граѓанскиот сектор и здруженијата. Факт е дека тие  почнаа да мигрираат кон Општина Чашка, таму работат, реализираат проекти. Не мислам дека средствата кои ќе ги добиеме се одлучувачки за работа, туку значат припадност кон Општина Велес - вели Ангелче Гушев,    старешина на Извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес, најстариот одред во Македонија.

Од Oпштина Велес објаснуваат дека невладиниот сектор е потребен, но мора да се престрои, и биде во тек со новото време.

Проектите кои се поднесуваат се истите со години, средби, дружења, наместо велосипедски патеки, здрав живот,  енергетска ефикасност одржлив развој, урбана мобилност. И  ЕУ преку разни фондови бара проекти, но не такви какви што ни се нудат, така што мора граѓанскиот сектор да биде чекор напред - вели градоначалникот Аце Коцевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »