речник контакт

Граѓанските здруженија се уште ги чекаат ветените простории

Локалната власт најавува дека скоро ќе ги реши преостанатите барања. Од 33 поднесени барања, 16 беа одобрени, 17 чекаат половина година

Петар Печков

На  последната Седница на советот на Општината, пред годишните одмори, во јули мината година беа распредели дел од просториите кои се нудеа по пат ја јавен повик.   Половината барања тогаш не беа одговорени со објаснување дека  комисијата  во септември ќе ги разгледа и ќе одлучи кој каде ќе  се смести.

Иако минаа четири месеци, засега ништо од најавеното решавање на просторниот проблем на  дел од невлaдиниот сектор.   Градоначалникот објасни зошто и како настанал застојот, со ветување дека наскоро ќе се одлучи по останатите барања.

Простории има за сите. Единствено што требаше е да се уредат просториите каде што  овие здруженија треба д се сместат. Мислам да се обелат, средат, градежно да се уредат. Тоа го завршевме и набргу комисијата ќе решава за остатокот од барањата на граѓанскиот сектор, кој каде да добие простории за работа - вели Чадиев.  

 На јавниот повик се јавија 33 здруженија а на 16 Советот им додели простории додека 17 се уште чекаат каде ќе се вдомат. Просториите ги  добиваат на три години користење а имаат обврска да плаќаат вода, струја, комунали.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »