речник контакт

Гремлини

Пред некое извесно време t на А1 го даваа филмот Гремлини. И не знам што ми требаше да го гледам. А шо убави впечатоци ми остави кога имав седум години. Oд апсурдноста на овој трагикомичен хорор филм и сè што е поврзано со него многу се изнервирав.

Зоран Николов

Пред некое извесно време t на А1 го даваа филмот Гремлини. И не знам што ми требаше да го гледам. А шо убави впечатоци ми остави кога имав седум години. Oд апсурдноста на овој трагикомичен хорор филм и сè што е поврзано со него многу се изнервирав. Ако е наменет за мали деца, тогаш зошто го прикажуваат во десет навечер? Нека биде десет насабајле. Добро, не е битно тоа.[br] Прво почнува како и секое класично американско филмско гомце со претставување од птичја перспектива на провинциското градче во кое изгледа дека сè се одвива најнормално. Одам на заплетот. Еден страшно грд старец – Кинез (читај „мистериозен чуден комунист“) му дава туку-така некое уште почудно суштество „могвај“ на еден инвентор да го чува, ама он треба да пази да не го топи со вода, да не го осветлува и по никаков основ да не му дава јадење по полноќ (не се специфицира зошто се рестрикцииве и до колку саатот е забраната за храна), што на господинов му влегува од едното а му излегува од другото уво. А уствари од кај знае тоа кога е дење а кога ноќе, кога не смее на сонце? Во тој момент сфаќаме дека ќе се изведат сите недозволени активности врз могвајот Гизмо, што е добриот лик во филмот. Понатаму гледаме дека се размножуваат преку контакт со вода (ама сите новороденчиња се лоши), светлината ги уништува (само не знаеме кој е прагот на чувствителност), а од јадењето по полноќ поулавуваат и знаат да пуштат филм во кино, да возат коли, мотори, багери, знаат да играат покер, флипери, да сечат со моторна пила и сè за навиките на луѓето, за струјата, разбираат сè што зборуваат луѓето а самите не зборуваат туку мрморат и се смеат чудно, знаат и да читаат (баш кога тој главниот виде светлечка реклама Candy), пушат цигари, пијат пиво (99% вода) и кога се размножуваат блескаат со некаква зелена светлина што не ги уништува. Ако се применат истовремено и водата и светлината, светлината е појака од водата и гремлинот се суши, односно пржи, коските му се топат и се претвора во аморфна течна маса, при што нон стоп има чадење како да има реакција на солна киселина со испосрана WC шоља.[br] Еве една интересна задачка за дома: ако од една капка вода истурена врз гремлинот се формираат пет нови, тогаш што ќе се случи ако се фрли еден гремлин среде Тихи океан? А кога ќе се раздени што ќе се случи? Зошто?[br] Муабетот на изумителов кога виде колку се накотиле му се сведе на типичната патетична американска самонаклоност дека секое дете во АМЕРИКА (читај „во светот“) ќе посакало да има вакво створење. Уште поодвратно ми е кога цајканите го коментираат Гизмо како ги вее американските знаменца со „ќе биде добар американец“.[br] Гремлинот е толку јак, што кога фрла предмети, изгледа како да е некакво мултитонско чудовиште од 3,5 метри со кое обичниот човек не може да се бори, а не тоа што е: грдо, суво, никакво моронесто кричрче. Тука ќе направам паралела со опасниот зајак – ѕвер од Монти Пајтон и Светиот Грал, само што зајакот беше заебанција, а гремлинот е озбилна ствар. Кога го бркаат да го отепаат, на никој не му текнува да ја запали ламбата. На крај-краева не знам дали се заебаваат продуцентите на филмов или мислат дека никој не знае физика. Филмот изобилува со самореференциски јамки, неконзистентност и некомплетност на условите и последиците од дејствијата. Преголемо срање за еден нискобуџетен филм.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »