речник контакт

Грижа за ромите во нивната декада

Општина Велес ги уреди улиците каде во градот живеат роми

Петар Печков

Министерот без ресор Неџет Мустафа при денешната посета на Велес ги посети деловите каде живеат роми.  Целта беше реализирањето на инфраструктурните проекти во местата населени со Роми кои произлегуваат од меморандумот за соработка потпишан помеѓу Владата на Република Македонија и општина Велес. министерот Мустафа и градоначалникот Петров беа  во населбата Рамина, кај првиот потпорен ѕид на ул.„ Јордан Џурнов“ каде  се реализира проектот кој  го градат со заеднички средства од Декадата на Ромите и општината Велес. Ова лето за населението од овој дел на градот освен улицата Јордан Џурнов беше уредена и Јовче Тикваров. Посетата на Рамина беше повод домаќините да ги пречекаат гостите со музика во вистинска бразилска атмосфера, со музика и игра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »