речник контакт

Грипот и натаму со висок број заболени во велешко

Во првата седмица на месец март имало 354 лица заболени од грип

Петар Печков

Првата седмица на месец март во велешко биел заболени 354 лица од сезонски грип, информираше д-р Бојан Тодоровски од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес. 

Најбројна заболена популација е од 15 до 64 години со 129 лица, па деца од училишна возраст од 5 до 14 со 113, кај децата од претшколска возраст има 92 зболени додека највозрасната група 65+ има само 20 заболени од сезонски грип.

За потсетување дека во последната седмица од февруари имаше најголем број забележани случаи на сезонски грип со 817 заболени,а  во првите два месеци од годинава имаше регистрирано вкупни 2.177 лица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »