речник контакт

Грипот се враќа, последната седмица на февруари највисок број на заболени од сезонски грип во велешко

Во февруари во велешко имало регистрирано 2.177 случаи на сезонски грип

Петар Печков

Последната недела од месец февруари, бројот на заболени од сезонски грип во велешко, двојно се зголеми, во однос на претходната седмица. 

Според бројките на заболени, објавени oд ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес,  минатата седмица имало 817 случаи, што е највисок број од почетокот на годинава. За потсетување во трета седмица од февруари имаше 469 заболени а во втората имаше 808 заболени лица.

Од 817 заболени лица најмногу се деца, од 4 до 15 годишна возраст  314, до 4 годишна возраст има 154 деца додека во групата од 15 до 64 години има 322 заболени. Над 65 годишна возраст има само 27 заболени лица од сезонски грип. 

За цел месец февруари во велешко има заболени 2.177 лица додека во јануари бројката изнесуваше 88. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »