речник контакт

Гроот гореше ама не се знае колку чад велешани вдишија

Ни по три месеци не е познато каков квалитет имаше воздухот на 6-ти септември попладне, кога градот беше обвиен во чад поради големиот пожар

Петар Печков

Ни по три месеци откако на 6-ти септември гореше ридот Гроот, не е познато колку чад вдишуваа велешани критичното попладне. И додека градот беше завиткан во црн облак, параметрите за тоа колкави вредности на СО2 имаше во воздухот нема. Откако деновиве беа објавени листите на Министерството за животна средина и на велешкиот Центар за јавно здравје, се виде дека таму не фигурираа вредностите за чад, првите не ги мерат, додека втората институција има просек за цел ден . На ова реагираат и велешките зелени.

Ова покажува колку надлежните се подготвени да го мерат загадувањето во градот. И додека од една страна инвеститорот Метрудхем навалува да ја отвори Топилница, во пракса се покажа дека надлежните немаат мерни инструменти кои ќе реагираат правовремено за тоа какви емисии на загаденост има во велешкиот воздух. Овој пример е илустративен за нивната подготвеност, ни по три месеци не дознавме колку чад вдишувавме, иако Велес тоа попладне а и следниот ден кога ридот гореше, беше обвиен во црни облаци – велат велешките ,,Зелени,,.

Од Министерството за животна средина,  по барањето за податоците за загаденост со чад, тогаш испратија листа со други параметри оти таква  за чад не работеле. Од Велешкиот Центар за Јавно здравје доставија податоци дури  после три месеци, но збирно за цел ден, иако чадот во голема мерка беше присутен  во термин од неколку часови, попладнето од 4 до полноќ. Одговорија дека имаат такви мерни апарати кои ја следат состојбата за 24 часа а не во помал ударен термин.

И додека тие немаат такви мерни апарати,  софистицираната апаратура која некогаш ја користеше Топилницата, на два мерни пункта во градот  стои неискористена. Едниот присвоен а апаратурата украдена, додека другиот во кругот на Болницата е само нем сведок на неговата некогашна функција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »