речник контакт

Грст награди за балетското студио „Анабела“ на танцов натпревар во Сараево (фото)

На натпреварот балетското студио Анабела се престави со 21 кореографија

Петар Печков

Дваесетина членови на балетското студио Анабела изминатиов викенд се натпреваруваа на престижниот танцов натпревар „Inter dance fest“ во Сараево.

На натпреварот балетското студио Анабела се престави со 21 кореографија, од кои 16 соло, 3 групни и 2 формации во силна конкуренција.

Во Сараево членовите на Анабела се закитија со девет  први места, две втори, едно трето место. Велешките танцови амбасадори достојно ги претставија Велес и Македонија во Босна и Херцеговина.

Во претстојниот период, следуваат уште неколку натпревари за членовите на балетското студио Анабела , за кои интензивно се подготвуваат.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »