речник контакт

Групна венчавка по петти пат

Осум брачни двојки склучија црковен брак во Св. Пантелејмон

Петар Печков

Осум  брачни двојки од Велес, на возраст од 25 до 60 и кусур години, кои од различни причини при склопувањето на нивниот  брак не се венчале во црква тоа го сторија подоцна,  некои со десетина некои и со многу повеќе години.  Овој чин се случи во саботата во црвката Св. Пантелејмон.

Свештениците на Повардарската Епархија при МПЦ, им посакаа уште многу години заеднички живот. На венчавката кај некои младенци присуствуваа и нивните внуци, кои се радуваа на овој чин на дедо и баба. Со молитва за здравје, потомство, мирна и совршена љубов се до судниот ден, осумте брачни двојки го добија Божјиот благослов за својот црковен брак.

Првата ваква групна венчавка во Велес се случи во 2008-та година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »