Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јуни 2026
На плоштадот во населба Чашка поставена е галеријата „Под отворено небо“ со групна изложба на 12 автори. Со ова е одбележано тригодишно постоење на организаторот Здружението за децентрализација, истражување и промоција на културата „Децентрала“ од Велес.
Дел од уметниците биле поканети да учествуваат а дел избрани преку јавен повик со цел поттикнување на транспарентноста и еднакви можности за сите заинтересирани автори. Поставена е на плоштадот на населба Чашка, на ѕидната површина на детската градинка „Бамби“ - централна точка на секојдневен живот на локалното население.
Претходно беше организирана работилница на која се извршило обнова и фарбање на изложбените паноа каде се поставени делата, изработка на нов мурал на ѕидот на галеријата - дел од детската градинка „Бамби“ и уредување на шест метални буриња кои ќе служат како постаменти за скулптури и тродимензионални дела. Оваа изложба е финансирана од Министерството за култура преку годишната програма.
фото: Здружение „Децентрала“
| Tweet |








