речник контакт

Групна крштевка на Бабуна по седми пат (фото)

16 претежно млади на овој начин ја добија Светата тајна, крштението

Петар Печков

Шеснаесет  верници денес беа крстени во водите на реката Бабуна крај Велес. Ова е  седми пат како се организира  групно бесплатно крштевање,  од Повардарската Епархија на МПЦ -ОА.  На ваков начин се предава Светата тајна – крштевањето. Тоа  е моментот, кога верниците според верата се соединуваат со Бога.

Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение го извршија протоереј Борис Симоновски, свештеник Мики Миовски и свештеник Игор Пармачки. Сите што денес  беа крстени беа млади, на возраст до 30-тина години.

Имаше и неколкумина од Скопје, Кавадарци. Скопјаните дојдоа  во Велес оти повеќе немало групна крштевка на Матка, тие  од Кавадарци  се одлучиле за Бабуна а не за групната крштевка на Тиквешко, оти морало час и повеќе да се патува со чамец.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »