Петар Печков
Објавено: сабота, 24 јануари 2026
Петокот околу пладне, во двор на средно училиште се случила групна тепачка на деца од неколку велешки села. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 23.01.2026 во 14:20 часот, во СВР Велес било пријавено дека во двор од средно училиште во Велес, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Р.(20 год) и А.У.(18 год), двајцата од село Горно Јаболчиште од една страна и тројца малолетници од село Бузалково и еден малолетник од село Сливник, велешко од друга страна. Со еден од малолетниците бил извршен службен разговор во присуство на родител“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и по документирање на настанот ќе поднесе соодветни пријави.
| Tweet |




