речник контакт

Грција инсистира САД да бидат исклучени од НАТО

Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани денес објави дека Грција ќе стави вето на постојното членство на САД во НАТО, доколку САД не го промени своето име во \"Соединети Држави на Централна Северна Америка.\"

Зоран Николов

Грција инсистира САД да бидат исклучени од НАТО
Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани денес објави дека Грција ќе стави вето на постојното членство на САД во НАТО, доколку САД не го промени своето име во \"Соединети Држави на Централна Северна Америка.\"

\"Грција е конзистентна. Како што ставивме вето на FYROM (Former Yugoslav Republic of Macedonia) бидејќи сме единствени кои што имаат право на тоа има на целата територија на Македонија, исто така даваме вето на FBCOA (Former British Colony of America) кои полагаат права за користење на името \'Америка\',\" порача госпоѓа Бакојани на денешната прес конференција.

Таа истакна дека територијата на FBCOA покрива помалку од половина од континентот Северна Америка, што всушност е само еден од двата континенти Америка.

\"Загрижени сме дека користењето на името \'Америка\' од страна на FBCOA, што имплицира нејзина територијална претензија кон соседите,\" објаснила Бакојани.

Таа додала: \"Лидерите на оваа нова земја со популација од 300 милиони, инсистираат својата татковина да ја викаат \'Америка,\' и покрај тоа што тоа име е дел од индијанската култура и историја илјадници години наназад,\" притоа реторички прашувајќи, \"Дали и Покахантас била Англо-саксонка?\"

Медијаторот на О.Н. се обидува да најде решение за \"проблемот со името,\" кое ќе биде прифатливо за двете страни, и кое ќе му дозволи на САД да остане во НАТО. Пратеникот на О.Н. Метју Нимиц, даде неколку предлози, вклучувајќи ги и \"Демократски Соединети Американски Држави,\" \"Нови Соединети Американски Држави,\" и \"Соединети Американски Држави (Вашингтон Д.Ц),\" меѓутоа сите беа одбиени од Атина.

Претседателот Џорџ Буш го прифати фактот дека оваа недела на самитот на НАТО во Букурешт, САД може да го изгуби своето членство во Алијансата доколку Грција инсистира на тоа.

\"Ќе продолжиме да бараме заедничко решение за ова прашање,\" изјавил Буш.

Бакојани најавила дека Атина размислува да побара промена на името и од Обединетото Кралство, истакнувајќи дека \"Британија\" е името на соседниот француски административен регион. Постојат индикации и дека Грција може да инсистира Обединетото Кралство да биде преименувано во \"Обединетото Кралство на Северна Британија и Северна Ирска,\" доколку сака да остане во НАТО. Атина допрва треба да го формализира ова барање.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »