речник контакт

Гужвите пред матично се поради повеќето служби кои таму работат

На мал простор има четири служби поради кои се создаваат гужви пред влезот, тврдат надлежните

Петар Печков

Гужвите пред  матичното  и натаму се присутни, надлежните за прв пат излегоа со писмена информација за тоа зошто велешани и натаму мора да чекаат  за да извадат нова лична карта, пасош, возачка...  Причината е токму тоа, големиот број на служби кои работат во мал простор. Во него се издаваат лични карти, пасоши, возачки дозволи, сега актуелните изводи од матични книги за родените за упис на средношколците, дозволи за оружје, за државјанство...

Во врска со реакциите за гужвите  пред влезната врата и дали редот може да  оди побрзо, одговорот е да може, доколку не би биле сместени толкав број ан служби во еден мал објект. Потребите на граѓаните за користење на услугите на овие служби од ден на ден имаат тенденција на пораст.  Овластеното лице кое е пред објектот е задолжено за воспоставување на редот  пред влезот точно дека пушта по двајца, но за секоја од четирите служби кои тука работат  – се вели во писмената реакција по прашањето зошто велешани чекаат со часови и во редици пред вратите на овој објект и на овиа високи темепратура. 

Информацијата е потпишана од  раководителот на Одделението з Управни работи, од советникот раководител за оружје и експлозивен материјал, од советникот   во Подрачното одделение за  Управата за водење на матични книги и инспекторот за странци и реадмисија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »