речник контакт

Д-р Горан Јовиќ на листата на 20 –топ лекари во Македонија

Листата е составена според одѕивот на пациенти за месец јули и сите тие ќе добијат награда од по 500 евра. Тие во јули имаа најголем број бодови, најмногу сработено и најголем број извршени сложени интервенции во установите каде што работат.

Петар Печков

Министерството за здравство на Македонија ја објави листата на 20-те најдобро рангирани доктори во Македонија во државните здравствени установи, според ново воведената реформа плаќање по учинок, односно одѕивот на пациенти за месец јули.

На листата се најде и велешкиот доктор хирург  д-р Горан Јовеќ  кој е на 16-тото место  и е единствен ан листата од 20 доктори. Пред и по него се:  имињата на следните доктори: 1.проф. др. Миодраг Врчаковски – Клиника за радиологија, 2. др. Ариф Мусли – Клиника за радиологија, 3. др. Слободан Антов – Кл. За кардиологија, 4. Проф. др. Катица Пиперкова , детска клиника, 5. д-р. Катерина Дамевска – кожна клиника, 6. д-р. Скендер Саиди – Кл. за урологија, 7. др. Олга Лозановска - КБ Битола, 8. др. Русе Талевски - КБ Битола, 9. др. Цветанка Маркова - ОБ Прилеп, 10. др. Андреј Николовски - СГБ, 11. др. Санде Стојановски - 8ми септември, 12. др. Зоран Несторовски - 8ми септември, 13. др. Ѓорги Велков, КБ Штип, 14. др. Радмила Зенделска - КБ Штип, 15. др. Вахит Селмани - КБ Тетово, 17. др. Киро Чурлинов - ГАК, 18. др. Драги Дабески - ГАК, 19. др. Светлана Димитриеска Ќипровска - ТОАРУ, 20. др. Гордана Китева Тренчевска - Кл. за неврологија.

Овие доктори ќе добијат посебно признание и уште една плата од 30.000 денари. Најмногу лекари меѓу наградените има од комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Тоа беше сложена математика по која се водевме за да го извршиме овој избор на најдобри лекари. Практично ја земавме поделбата на здравството на примарно, секундарно и терциерно ниво, односно кампусот клиники „Мајка Тереза“, клиничките и општите болници - рече на денешната промоција ресорниот министер Никола Тодоров. Тој нагласи декапрактично се почнува со првичната промоција на докторите кои во иднина ќе го заокружат проектот „Клуб 100 најдобри лекари“.

Практично на овој начин сакам првпат да го одбележиме отпочнувањето со имплементација на овој проект кој треба да ја валоризира работата на оние кои најмногу се залагаат во здравствените установи - додаде Тодоров. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »