речник контакт

Д-р Чалков сведочеше имаше некооридинираност меѓу анестезиолозите

Гинекологот Чалков кажа и дека починатиот д-р Јовановски бил во алкохолизирана состојба

Петар Печков

Со сведочењето на гинекологот д-р Венци Чалков во Основен суд Велес  продолжи судењето за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе.  Тој даде своја одбрана и видување на настаните од  22 октомври 2015-та година.

Според докторот   анестезиологот д-р Зоран Јовановски бил во алкохолизирана состојба  наспроти обвинението дека двајцата анестезиолози биле во алкохолизирана состојба и дека двајцата анестезиолози имале лоша соработка.  Доктор Чалков напомена дека критичниот ден во гевгелиската Болница  имал четири оперативни зафати сите во периодот од 12,30 до 14,45ч. 

Околу 18 ч. се видов со пациентката, ја проверив документацијата, извршив повторо  гинеколошки преглед. Побарав ЦТГ за бебето кој извештај покажа дека е тахикардично со 180 отчукувања, забрзана работа на срцето, што не е нормално бидејќи треба да е околу 140, но не беше витално загрозено.  Околу 20,30  се симнав во салата за да се изврши царскиот рез. Додека бев во пред оперативната сал дознав дека параметрите и се во ред. Кога влегов и се вршеше втора интубација од страна на д-р Ванчев а со стетоскоп ја слушаше  на градниот кош.  Ги завади слушалките и кажа дека се е во ред. На тоа анестетичарот рече дека сатурацијата на пациентката опаѓа.  По негова сугестија д-р Ванчов  го извади тубусот  и направи трет обид  а анестетичарот констатира дека сатурација и натаму опаѓа. По ова самоиницијативно д-р Ванчов прекина а во салата влета анестезиологот  д-р Зоран Јовановски (кој беше обвинет, но во меѓувреме почина под нејасни околности з.а ). Тој беше во цивил , без лекарска облека и заштита - сведочеше д-р Чалков. 

Тој побарал да не се врши повеќе интубација, бидејќи повеќе до три пати не било по стандардите и побарал Кадиева да се реанимира а операцијата да се одложи за следниот ден. Во тој момент на подот од  хируршката  сала завршила  маска наменета за пациентката.  

Тоа за мене беше знак дека има некоординираност помеѓу тимот на анестетичари и затоа излегов од салата да го повикам телефонски директорот  да ја расчисти состојбата. Кај д-р Јовановски забележав  знаци на алкохолизирана состојба.  Кога се обидуваше да ја интубира реагирав дека не смее повеќе, ми рече не мешај се ти.  Состојбата на родилката се подобри и ние како гинеколози со д-р Москов ја напуштивме салата.  Доктор Јовановски рече дека ќе се проба следниот ден со спинална анестезија или ќе се носи на друго место - додаде д-р Чалков. 

По што се качиле во докторската соба. По 20-тина минути дошол сопругот на родилката, Димитри Кадиев, кој бил вознемирен, дека долу нешто се случувало, се барало интернист, се носел апарат од тоа одделение,  по што заедно  докторите  се упатиле во хируршката сала.  

Се вршеше дефибрилација што ме вознемири, а докторот интернист Матс кажа дека имало срцев застој. Не можевме порано да започнеме со царски рез оти пациентката беше во состојба на анестезија во прв степен а требаше трет.  Со д-р Москов одлучивме со царски рез да го извадиме бебето, тоа траеше 2-3 минути. Имаше 30 отчукувања на срцето и на скалило до 10 за здравствена состојба на новороденче му дадов оценка 3. Преминавме на реанимација траеше еден час и некаде околу 23ч. педијатарот д-р Дојранлиев кажа дека  веќе е беспредметно да се продолжи оти бебето е починато- заврши д-р Чалков.

Тој сведочеше дека во ЈЗУ Општа Болница Гевгелија имало лоши услови за работа, за што вината ја префрли на тогашниот директот Сретко Јованов. 

Претходно со сведочење заврши анестезиологот д-р Томчо Ванчев. Тој објасни од каде во неговата крв има пронјадено алкохол.    

Ова е трет шок во мојот живот. Првиот пат кога на раце ми почина брат по сообраќајка, токму во истата болница. Втората е кога ќерките заминаа за Америка и третата е ова. Бев во толку психичка лоша состојба вечерта, што веднаш по напуштањето на салата отидов до колата и земав шише ,,шток,, кое некој пациент ми го подарил. Се вратив во докторската соба и пиев. Не давав отпор кога ми земаа крв. Ова за мене се мошне тешки моменти и едвај чекам овој процес да заврши - рече д-р Ванчев.

Кажа и дека тој му ја соопштил веста на сопругот на родилката Маја, дека таа е почината по што Димитри се фатил за глава и истрчал некаде.  

Обвинети за смртта на родилката маја Кадиева и нејзиното бебе,   се анестезиологот  Томче Ванчев од Гевгелија и  гинеколозите  струмичаните Венци Чалков и Дончо Москов за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,.  

Со преземените дејствија обвинетите иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »