речник контакт

ДИК - градоначалници на Градско и Чашка се од СДСМ

Горан Стојановски и Роберт Бешовски се нови градоначалници во соседните општини

Петар Печков

Според официјанти но не и конечни резултати објавени од Државната Изборна Комисија во вториот круг на изборите за градоначалник за Општините Градско и Чашка  победија кандидатите на СДСМ. И тоа со убедлива предност. По пребројаните гласови од сите избирачки места состојбата е следна:

Општина Градско победи Роберт Бешовски  од СДСМ   со 53,51% додека Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ  освои 43,22%. На  11 избирачки места излегле  72% од 3.152 запишани граѓани. Има 74 неважечки ливчиња.

Општина Чашка победи Горан Стојановски  од СДСМ со  69,58% додека Горанчо Пановски од Народното движење за Македонија   има  27,49% . На 31 избирачко место излегле да гласаат  53,86% од запишани 6.017 граѓани со право на глас. Има 94 неважечки ливчиња.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »