речник контакт

ДУИ со Суат Шаќири за кандидат за градоначалник на Општина Чашка

За сите граѓани на Општина Чашка, без разлика на вера и нација - порача Шаќири

Петар Печков

По предлог на претседателот на ДУИ Али Ахмети, членовите на Генералниот совет на партијата  едногласно ја избра листата на кандидати за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври. Меѓу кандидатите се најде и  Суат Шаќири за општина Чашка.

„Победата на Демократската Унија за Интеграција на локалните избори несомнено ќе ја следи уште поголема грижа за животната средина, редовно одржување на патната инфраструктура, регулирана водоводна и канализациона мрежа, модерна спортско -рекреативна инфраструктура, добро реновирани, одржувани и нови училишта“ - пишува во партиското соопштение.

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општина Чашка има 33 години, десет години работи во Министерство за правда во Скопје. Тој  има завршено  два факултети,  Правен факултет и Политички науки, магистрирал дипломатија и сега е  докторант, се подготвува за одбрана на докторската дисертација.

„Суат е за сите граѓани на Општина Чашка, без разлика на вера и нација.  Заедничка Чашка“, кажа во првата изјава за јавноста кандидатот Шаќири.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »