речник контакт

Да им помогнеме на децата со посебни потреби

Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа ќе го обележи 3-ти декември Светскиот ден на лицата со посебни потреби со три хуманитарни концерти

Петар Печков

Тие ќе ја спроведат акцијата  „Човечноста и хуманоста на дело„. Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа во соработка со хорот при ООУ “Васил Главинов” организира три хуманитарни концерти.

Собраните средства од концертите ќе бидат наменети за набавка на медицински апарати за  надополнување на веќе изградената соба за полуинтензивна нега при детскиот оддел во  „Општа Болница„ Велес и набавка на дидактички материјали за децата со посебни потреби вклучени во редовното образование.

Концертите ќе се одржат во Салата “Бели Мугри” на следните датуми:
 
03.12.2010 (Петок) почеток во 19 часот
06.12.2010 (Понеделник) почеток во 19 часот
08.12.2010 (Среда) почеток во 19 часот

 Во рамките на коцнертот ќе биде прикажан краткометражен  филм „ Мојот ангел„- снимањето на филмот е поддржано од Центарот за балканска соработка„ЛОЈА„ од Тетово, додека хорот при ОУ Васил Главинов ќе настапи со преработки на забавни песни, композиции од класичната музика, преработки на  традиционални македонски песни,под диригентство на Веселинка Маџарова Андонова.


 

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »