речник контакт

Да ти врачам, да ти гатам

A.C.успеала да измами една слепа жена ветувајќи и дека амајлијата ќе и го врати видот, на другата и ветила дека амајлијата ќе му помогне на нејзиното болно дете а додека на третата дека ќе и помогне да ги реши брачните и фамилијарни проблеми.

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес до Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против лицето А.С. (31) од Велес поради основи за сомнение дека во периодот Јануари-Јуни 2012 година сторила три кривични дела „Измама“ и против С.Ј. (21) од Градско, поради основи за сомнение дека сторила едно кривично дело „Лажно пријавување кривично дело“ .

A..C. во три наврата во наведениот период се упатувала во куќи лоцирани на различни локации во градот и претставувајќи се како „гатачка“ која може да направи амајлија од златен накит, успеала од оштетените да одземе вкупно пет златни прстена, едно златно ланче и два привезока, ветувајќи им притоа дека по извесно време ќе им донесе амајлија направена од нивниот златен накит.

При извршувањето на кривичните дела, успеала да измами една слепа жена ветувајќи и дека амајлијата ќе и го врати видот, на другата оштетена и ветила дека амајлијата ќе му помогне на нејзиното болно дете а додека на третата оштетена и ветила дека ќе и помогне да ги реши брачните и фамилијарни проблеми.

Една од трите оштетени C.J. која откако увидела дека е измамена, стравувајќи од проблеми со нејзиниот сопруг, во полициската станица пријавила кривично дело „Разбојништво“, наведувајќи притоа дека додека истата била на работното место во продавница, првопријавената со употреба нож и сериозна закана успеала да и одземе златен накит и 4000 денари, по што се упатила во непознат правец.

По приведувањето во просториите на Полициска станица од општа надлежност Велес, од страна на оштетените првопријавената е препознаена. A.C. претходно е пријавувана за кривично дело против имотот за што и е изречена условна казна

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »