Петар Печков
Објавено: петок, 15 април 2022
Два нови случаи со ковид-19 изминатите 24 часа,и ниту еден оздравен во велешко, соопштија од Министерството за здравство. Со ова бројките на активни случаи се 17 лица. Починати од последиците на корона вирусот во велешко нема
Денес, петок во двете ковид одделенија од велешка Болница, се водат дека се згрижени се седум пациенти, исто колку и вчера. Hа Инфективно хоспитализирани се тројца а на Интерно се четворица пациенти. Ново примен е еден пациент а испишани нема.
„Потврдено позитивен нема, непотврден е еден а шестмина се негативни но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се двајца пациенти “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |