Петар Печков
Објавено: среда, 20 мај 2026
Понеделникот 18 мај во СВР Велес биле пријавени два обиди за измама, над две повозрасни лица од Градско. Деталите од соопштението на велешката полиција.
„69-годишник од Градско пријавил дека едно лице го контактирало телефонски, му кажало дека неговата ќерка се здобила со скршеници и дека е потребно да плати за да се изврши операција во болница во Скопје, за што треба да плати 20.000 евра. Пријавителот со такси возило се упатил кон Скопје, но од страна на возачот бил предупреден дека многу лица претходно биле измамени на овој начин и случајот го пријавил во полициска станица“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
„71-годишна жена од Градско пријавила дека едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Општа болница Кавадарци ѝ и кажало дека нејзината ќерка се здобила со повреди и за да се изврши оперативен зафат требало да плати 30.000 евра. Кога стигнала пред болницата немало никој, а во разговор со нејзината ќерка дознала дека се работи за измама и случајот го пријавила во полиција“ – дополни Милевска Ѓеоргиева.
Полицијата презема мерки за расчистување на настаните.
| Tweet |




