речник контакт

Два дена не работат рампите во градот

Причина пожарот кај железничката станица Згроплоци

Петар Печков

Од четвртокот попладне сигурносните рампи на железничките премини во Велес не функционираат, не се спуштаат. Поради ова возовите низ градот  возат  со минимална брзина и пред секој  од премините запираат и со звучен сигнал најавуваат дека  доаѓа воз. 

Според ЈП МЖ причината за неработењето на безбедносните рампи е големиот пожар кој во четвртокот   пламна во близината на Железничката станица Згрополци. При ова изгорела инсталацијата и каблите, кои сега се менуваат. Кога ќе завршела оваа промена, ќе се нормализирал и сообраќајот во градот, информираа од МЖ. 

Поради ваквиот сообраќаен режим, кога се вози со мала брзина и често мора да се застане  пред секој премин, вчера попладне товарна композиција  застанала и не можела да тргне, поради што се додека не дошла нова локомотива,  железничкиот и патниот сообраќај во центарот на градот беше во прекин еден час.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »