речник контакт

Два дена по ред воздухот во Велес со вредности на ПМ 10 над 100 мг на м3

Локалната власт препорачува меѓу другото рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготраен престој на отворено

Петар Печков

Откако последните два дена, загаденоста на воздухот во Велес надмина 100 микрограма на м3, согласно законската регулатива се огласија од локалната власт. Претходните два дена е надминат Прагот на информирање. Квалитетот на амбиентиот воздух  е измерен на мерната станици на Министерството за животна срдина.


Општина Велес  ги известува граѓаните за високи средно дневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 11 и 12 ноември 2020 година - стои во писмената информација објавена на веб страницата на Општина Велес.  

Поради ова локалната власт ги издаде следните препораки за граѓаните:
Да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците, Да се одложат сите активности на отворено

Доколку има надминување на Прагот на алармирање  во текот на два последователни дена над 175 μg/m3 ќе бидат превземени дополнителни вонредни мерки, најавуваат од локалната власт.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »