речник контакт

Два месеци воз од Велес кон Белград и обратно нема да има

Меѓународниот воз од и кон Солун останува

Петар Печков

Меѓународните возови број 335/334 и 337/336 на релација Белград – Скопје и обратно, од утре  18 април до 18 јуни 2016 нема да сообраќаат, соопшти Македонски железници Транспорт а.д. Скопје.

Двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување градежни работи на железничката линија на територијата на железницата на Србија, на делницата Ниш – Прешево – државна граница на Република Македонија.

 Во истиот  овој период продолжува за сообраќа меѓународниот воз од  Скоје со Солун и обратно.

 Така патниците од Велес кои сакаат со воз да патуваат до Белград - Србија  во наредните два месеци ќе треба да користат друг превоз. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »