речник контакт

Два нови апарати во велешката болница, за анестезија и за гастроскопија. Отворена и игротека

Кога ќе се поправи лифтот за посетители, кога ќе почне да се оперира на ушно на петти кат

Петар Печков

Велешката Општа Болница доби два нови апарати, за анестезија и за гастроскопија  чија промоција беше од страна на Министерот за здравство Никола Тодоров.   Новиот апарат за анестезија  го замени стариот  кој бил во фукнција околу 30-тина години, тој е ставен во функција и веќе се направени 20-тина операции.  

Има нова апарат и за гастроскопија  кој ќе биде функција  во ,,Мој термин,, веднаш по празниците. Со овој апарат ќе може да се прават двојно повеќе интервенции отколку што досега се работеле.   Со него досега  се работело дијагностички процедури  два пати недело по еден ден, сега секој ден и наместо 500 годишно можат да се прават илјада. 

Со новите апарати ќе се  подобри квалитетот на услугите кои ги даваме кон пациентите. Со новиот гастроскоп  се намалува времето  на чекање и поголем број на   пациенти ќе можат да се прегледаат, наместо да одат  во други градови.  Имаме и  Детско катче - игротека.  Пациенти кои треба да одат на преглед во Болница а немаат каде да ги  остават децата, можат на одредено време  можат да ги остават    во игортеката. Ќе бидат згрижени од персонал, додека пациентот не  и заврши обврските прегледите. Ова е можност за тие што немаат каде да ги остават децата - изјави директорот гинеколог д-р Атанас Василев.

Претходно, пред месеци  болницата доби нов мамограф  на кој има 300 прегледи до сега и нов био-хемиски анализатор.   Министерто Тодоров се пофали дека 75 здравствени работници од Општа Болнцаи Велес биле  пратени на   усовршување во странство, во Бугарија, Турција  и Словенија, половина доктори, половина  здравствен персонал.

Последните неколку години   имало нови 45 лица здравствен персонал примено  на работа   а 35 трансформирани од волонтери во вработени или 80 нови вработувања. Тодоров потенцираше дека  сите докторите кои се примени, сите се пратени на специјализација и субспецијализација  а има и четворица  преземено специјалисти од приватнито сектор, кои веќе се  вклучени во  работа.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто лифот за посетителите не работи со месеци Василев одговори:

,,Големиот лифт за пациенти работи, малиот  лифт ќе биде поправен во најскоро време,,

Прашан  кога ќе  почнат оперативните зафати на ушното одделение Василев одговори:

Во  салите на  хирургија   може да се оперира било кој пациент,може жена, може царски рез да се направи, треба само стерилни услови ,  инструменти и луѓе кои тоа знаат да го направат, тоа се  критериуми за успешна операција.    Што се однесува за ушно, операции таму ќе се изведуваат  кога ќе се оспособи. Салата е  во функција таму ќе работат очните доктори, ќе вршат трансплатација на леќи нив , не им  треба анестезиолошки апарат.  Кога ќе набавиме  анестезиолошки  за таа сала, горе   своите операции ќе можат  да ги вршат и ушните, да оперираат   во салата на петти кат - доададе директорот Василев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »