речник контакт

Два нови случаи на ковид -19 во Велес

Ново откриените два случаи не се поврзани со ниту еден претходен од Велес. Има и едно починато лице на 58 годишна возраст

Петар Печков

Во Велес, изминатите 24 часа откриени се два нови случаи на заразени со корона вирус, со тоа бројката на болни во градот се искачи на 32 лица. 

Министерот за здравство  Венко Филипче, на неговиот ФБ објави дека меѓу четворицата починати денес, има и еден случај од градов, лице на возраст од  58 год. и е меѓу првите случаи од Велес кои беа заразени и поврзани со ШС Бабуна.   

Тој веднаш откако беше откриен дека е позитивен на ковид 19, поради влошување на здравствената состојба беше префрлен на Инфективна клиника во Скопје. Ова е втор случај на лице кое почина од корона вирусот во Велес. 

Ново откриените два случаи не се поврзани со ниту еден претходен од Велес, а еден случај на новозаразен  е пациент кој бил во Куманово на погреб.

Во изминатото деноноќие се потврдени 26 нови случаи на ковид -19 и со ова бројот на заболени во земјата се искачи на 854. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »