речник контакт

Два нови случаи на позитивни со ковид-19 во Велес, еден оздравен

Бројот на активни случаи во велешко е 33 лица, на Инфективно одделение има 21 пациент

Петар Печков

Две лица е бројот на ново заразени со ковид-19 во велешко денес, а еден е оздравен. Ова е билансот кој го објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 33 лица.

Едниот случај е жена  заразена од член на семејство и вториот не знае по епидемиолошката анкета од каде се заразил. Има и еден оздравен  од домашно лекување - изјавија до Центарот за јавно здравје Велес.


Досега во велешко има 330 лица кои биле заразени, 281  оздравеле и 16 се починати. Од активните случаи 26 се на домашно лекување а седум се на Инфективно одделение.

На Инфективно одделение има 21 пациенти, 20  се потврдено позитивни и еден е сомнителен - соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »