речник контакт

Два нови случаи со ковид-19 во Велес, едниот е медицинска сестра од детското одделение на Болницата

Жителка на Бузалково негативна но со симптоми на ковид-19, во тешка состојба префрлена во 8-ми Септември во Скопје

Петар Печков

Изминатото деноноќие во Велес се регистрирани два нови случаи на позитивни на ковид-19, информираа од Центарот за јавно здравје за ТрМр.  Меѓу нив е и медицинска сестра која работи на детското одделение од велешката Болница. Вториот случај бил маж,  жител на голема населба во соседна општина, кој немал симптоми и самоиницијативноо се тестирал на приватна клиника во Скопје, пред да патува во странство.  

Двете нови лица заразени со ковид-19 се случаи сами по себе, не може да се најде од кој кластер се, од епидемиолошката анкета не може да се констатира како се заразиле.  Пациентката е веќе хоспитализирана на Инфективно одделение од велешка Болница, додека вториот пациент е на домашно лекување  - информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

Со ова бројката на активни случаи во велешко е 29. Двајца од нив се на  префрлени во Скопје , во Градска Општа Болница и на Клиника за инфективни болести.  Во петокот беше објавено дека медицинска сестра од приватното здравство во Велес е, позитивна на ковид-19, но таа подолго време не одела на работа. На инфективното одделение од велешка Болница денес има  хоспитализирани 13 пациенти, сите потврдено  позитивни. Детското одделение продолжува со работа. 

Во посета на одделението вила епидемиолошката служба, направила анкета со вработените на детското одделение.  Утврдено е дека се почитувани сите мерки за заштита при работа,  пронајдени се контактите со кого комуницирала. Вработена е сместена на инфективно одделение. Денес на Инфективно одделение е приемна пациентка од Бузалково, во потешка состојба, на респираторна поддршка,    не е потврдено дека е позитивна и препати  во  8-ми Септември, како итен случај - рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »