речник контакт

Два нови филма неделава се на репертоарот на 3Д киноверзум

За децата и еден нов цртан кој е насинхронизиран

Петар Печков

 Два нови филма се на репертоарот на велешкото кино 3Д киноверзум

Секој ден од денес четврток, до среда, во терминот од 18ч. ќе се прикажува „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ американски филм за суперхерои, базиран на стрипови на Marvel, во кој се појавуваат ликовите Скот Ланг / Ant-Man и Хоуп Пим / Оса.

Вториот филм е  британска романтична комедија-драма „Што има љубовта со тоа?“.Таа ќе се прикажува четврток, сабота, понеделник и среда во терминот од 21ч.

Ќе се прикажува и „Последниот танц на Magic Mike“ , продолжение на Magic Mike XXL од 2015 година и третиот и последен дел од трилогијата Magic Mike на  режисерот на Стивен Содерберг. Во петок, недела и вторник од 21ч.

Останатите четири  филма се новиот филм за непобедливите Гали Астерикс и Обеликс  - средното кралство со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, сабота од 16 ч а недела во истиот термин е најновиот „Мачорот во чизми- последна желба“.

Во сабота и недела  попладневно се новиот детски филм, цртаниот „Фараонот, дивјакот и принцезата“  кој е насинхронизиран  и „Приказни од скриениот град- Бестрашната Дејзи.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »