речник контакт

Два нови филма оваа седмица на репертоарот на “3Д киноверзиум“

Creed III или деветти дел од серијалот Роки и „Maybe I Do“ со Дајан Китон, Ричард Гир, Сузан Сарандон, Ема Робертс, Лук Брејси

Петар Печков

Наредните седум дена, на репертоарот на велешкото кино “3Д Киноверзум“ има две премиери.

Првиот е „Creed III“  американска спортска драма, филм од 2023 година, во режија и со главна улога на  Мајкл Б. Џордан, според сценарио на Кинан Куглер и Зак Бејлин. Филмот е продолжение на серијалот Creed и целокупниот деветти дел од серијата филмови Роки. Ќе се прикажува секој ден од денес до вторник.

Вториот е „Можеби правам“ е американска романтична комедија од 2023 година, напишан и режиран од Мајкл Џејкобс, со  познати актерски имиња Дајан Китон, Ричард Гир, Сузан Сарандон, Ема Робертс, Лук Брејси и Вилијам Х. Мејси во главните улоги. Мишел и Ален се во врска. Тие решаваат да ги поканат своите родители конечно да се сретнат  пред да стапат во  брак. Излегува дека родителите веќе добро се познаваат. Филмот ќе биде прикажан четврток, сабота, вторник и среда.

Од останатите филмови на репертоарот во петок е хоророт со интересен наслов  „Вини Пу: Крв и мед“, со добро познатите ликови од детството, Вини Пу и Пиглет. Црната комедија „Мечка на кокаин“ ќе се прикаже в недела.. Откако  црна мечка ненамерно конзумира кокаин, група на луѓе составена од полицајци, криминалци, туристи и тинејџери се собира во шумата каде што е мечката.

Акциониот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“е на репертоарот сабота, недела, понеделник. Американски филм за суперхерои, базиран на стрипови на Marvel, во кој се појавуваат ликовите Скот Ланг / Ant-Man и Хоуп Пим / Оса.

За в среда е планирано да се прикаже  „Последниот танц на Magic Mike“, продолжение на Magic Mike XXL од 2015 година и третиот и последен дел од трилогијата Magic Mike на  режисерот на Стивен Содерберг.  

Викендот, сабота и недела  во пладневната детска програма се два филма „Приказната од скриениот град- бестрашната Дејзи“ и „Догтањан и тројцата мускетари “ шпански цртан филм.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »