речник контакт

Два прекршоци, за два месеци, од лица кои управувале електричен тротинет, по велешките улици

Која е дозволената брзина за управување на електричен велосипед, на која возраст може да почне да се вози

Петар Печков

Електричните тротинети, како понов вид на превезно средство, се почесто ги има и по главните велешки улици. ТрМр затоа ја праша велешката полиција, колку прекршоци има оваа категорија на граѓани, додека возеле електричен тротинет, за периодот април-мај.

„Во наведениот период, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Велес, имаат констатирано два сообраќајни прекршоци од возачи на електрични тротинети, за што се издадени соодветни прекршочни пријави“ – одговорија од СВР Велес, на поставеното прашање.

Во Македонија може да се управува електричен тротинет со наполнети 14 години. Се движат со дозволена брзина од 25 км/ч по велосипедска патека,  6 км/ч по пешачка патека-тротоар.  

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »